Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање
Три странски влади планирале да предизвикаат физичка штета на луѓе кои живеат во Австралија, изјави денеска шефот на австралиската разузнавачка агенција за безбедност Мајк Бургес.
Тој не ги кажа имињата на државите.
Во своето годишно обраќање за заканите против Австралија, тој истакна дека една влада се обидела да измами бранител на човековите права да отпатува од Австралија во трета земја, каде што заговорниците планирале да го повредат или убијат.
Разузнавачката служба интервенирала и го спречила неговото патување.
Друга влада планира да повреди или убие еден или повеќе луѓе во Австралија како дел од поширок заговор за елиминирање на нејзините критичари ширум светот.
Работејќи со меѓународните безбедносни агенции, австралиската служба ја спречи операцијата во рана фаза.
Во двата случаи, заговорниците беа во странство и надвор од опсегот на австралиското законодавство. Бурџис не даде детали за заговорот на третата странска влада.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд