Македонија
8. July 2024 - 15:14

Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО

Tри жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус излета од коловозот.  

Од Итната медицинска помош за МИА потврдија дека се повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош се пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.

На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна.