Трибина „Зошто ни треба класична гимназија?

На Филозофскиот факултет при УКИМ денеска ќе биде одржана научна трибина „Зошто ни треба класична гимназија?“ на која за неопходноста од постоење на класично гимназиско образование ќе говорат професори од неколку факултети.
Трибината е дел од научноистражувачкиот проект Утврдување на потребите и потенцијалите за обновување на класичната гимназија во Република Македонија (како подготвително средно образование соодветно за идните студенти на студиските програми на Филозофскиот факултет) во реализација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје.
Проектот е мотивиран од идејата за возобновување на класичната гимназија во образовниот систем. Концептот на класично гимназиско образование, во кое класичните јазици (латинскиот и старогрчкиот) се изучуваат континуирано во текот на сите четири години, а истовремено во зголемен обем се изучуваат и други хуманистички дисциплини поврзани со античкото наследство, европската култура и уметност, е препознаен како концепт, кој на учениците им дава темелно средно образование, но и одлично ги подготвува за продолжување на студии од која и да било општествено-хуманистичка област, посочуваат организаторите на трибина „Зошто ни треба класична гимназија?
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
