-->
-->
Триесет и една крвна единица собрани во крводарителска акција во Кавадарци
-->

Триесет и една крвна единица беа собрани во денешната доброволна крводарителска акција во Кавадарци, организирана од кавадаречкиот Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина.
-Во овие празнични мигови, како и секогаш, кавадарчани ја искажаа својата хуманост преку доброволно дарување крв, со цел спасување на нечиј живот. Благодарение на нашите редовни и несебични дарители, во моментов располагаме со доволен број на крвни единици, рече доктор Анита Божинова Петковска.
Кавадарчани и росоманци се познати по хуманоста, рекоа од Општинската организација на Црвен крст Кавадарци.
-На скалата за доброволно крводарување, се наоѓаме меѓу најдобрите во државата, нагласија оттаму.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

За кое дело ќе одговараат лицата кои го избодеа 14 годишникот во Ченто?
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
-

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став
-

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
