Триесет и три лица од Кочани во домашна изолација
Триесет и три лица од Кочани во моментот се наоѓаат во домашна изолација, како задолжителна мерка за спречување на потенцијалното ширење на заразата со коронавирусот, информираа денеска кочанските општински власти.
Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев упати повик до граѓаните одговорно и сериозно да се придржуваат кон препораките и мерките од надлежните институции и да ги применуваат без какви било отстапки.
– Ги повикуваме сите лица кои во изминатиот период патувале во високоризичните и средноризичните земји, да се самоизолираат. Сите жители да ги почитуваат мерките и прораките од Министерството за здравство и од Светската здравствена организација. Препорачуваме да се избегнуваат непотребни контакти, граѓаните да не се собираат во групи, и да не излегуват без потреба. Не дозволувајте полициските или медицинските служби да ве опоменуваат поради вашето несовесно однесување! Непочитувањето на препораките за заштита од болеста КОВИД-19 е казниво, стои во повикот од градоначалникот Илијев.
Во меѓувреме, Општина Кочани во соработка со комуналното претрпијатие „Водовод“ го продолжува спроведувањето на мерките за заштита, што пред неколку дена ги донесе Кризниот штаб, а кои се однесуваат на редовна дезинфекција на улиците, местата за одлагање на комуналниот отпад и на просториите во јавните институции .
Исто така, Мобилниот сервис за домашна посета, во соработка со волонтери од Црвениот крст и од општинските служби за социјална и здравствена заштита, продолжува со поддршката во набавката за храна и лекови за болните, старите и изнемоштените лица.
Ново на Сител
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад