-->
-->
Триесет отсто од производството на енергија во државава е од обновливи извори, вели Заев
-->
Триесет проценти од прозводството на електрична енергија во земјава се од обновливи извори, што е блиску до просекот земјите од ЕУ, рече денеска премиерот Зоран Заев при увидот на реконструираната градинка во општина Карпош..
– Во моментот сите хидроцентрали што ги имаме во државата, ветерниците кои ни се поставени во моментот 30 проценти во државата што произведува енергија се од обновливи извори за енергија и тука сме блиску до европскиот просек. Ние не сме многу назад од европскиот просек, рече премиерот.
Тој вели дека има основани причини да верува дека повеќе од 50 отсто ќе бидат обновливи извори на енергија во составот на севкупното призводство на енергија во Република Македонија.
– Фокусот кон целосно прилагодување и промена на јагленот како главен извор на производствена енергија со обновливи извори на енергија е еден од најголемите фокуси во државата, каде што се насочени сериозни капацитети и ресурси и впрочем тоа се најголемите инвестициски потенцијали што се случуваат во моментот. Најбрза инвестиција и најбрз можен начин за раст на БДП е инвестицијата во енергија посебно во обновливи извори на енергија. Овде спаѓаат фотоволтаиците. Сонцето мора да го користиме максимум за поризводство на електрична енергија, рече Заев.
Фотоволтаиците, како што додаде, се нешто во кое во моментов најмногу се инвестира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани