-->
-->
Триесет приведени во полициска акција против крадци на автомобили во Бугарија
-->
Во Бугарија во тек е специјална полициска акција со цел да се спречи кражба и нелегална продажба на автомобили. Во акцијата досега се приведени 30 лица.
Акцијата започна во Перник, каде се очекуваат клучни апсења, а во тек се претреси на куќи, гаражи и отпад од автомобили, пишува порталот „Новините“.
Освен во Перник, акцијата се спроведува и во Софија, Варна, Ќустендил и Дупница.
Предмет на интерес на акцијата, по налог на Обвинителството, се уредите што ги користи автомафијата за отклучување и палење автомобили.
Според неофицијални информации, акциите во Варна се поврзани со пробивање на каналите за извоз на украдени автомобили од земјава, кои се пренесуваат на Блискиот Исток и Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз