Тригодишно дете заболено со голема кашлица

За една недела, односно во периодот од 24 до 30 јануари годинава, пријавен е еден нов случај на голема кашлица, за разлика од претходниот седмодневен период кога биле пријавени два случаи. Станува збор за дете од Пробиштип на возраст од 3 години, вакцинирано согласно возраста, кое е епидемиолошки поврзано со претходно заболен член од истото семејство, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со голема кашлица.
Во периодот 2024/25 година, заклучно со вчера на територијата на земјава регистрирани се вкупно 1.179 лица заболени од голема кашлица, од кои хоспитализиран е 191 случај, од кои најголем дел припаѓаат на возрасната група од 0-4 години (n=168, 88%), кои во просек биле хоспитализирани по осум денови.
Најголем број од заболените лица се регистрирани на територија на Скопје (70,4%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ државава. Од вкупниот број на регистрирани случаи, 746 случаи (односно 63,3%) не биле вакцинирани, не биле комплетно вакцинирани согласно возраста или немале доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани (n=302), просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 13,7 години.
- Во тек е епидемија на територијата на град Скопје. Како што наведуваат, во последните два месеци во државата се регистрираат само поединечни случаи на пертусис. Највисока инциденца од 265,1/100.000 жители се регистрира во Кратово, во Скопје (136,7/100.000) и во Куманово (102,5/100.000). Најголем број од заболените припаѓаат на возрасната група од 0-4 години (37%), а највисока инциденца се бележи во возрасната група под 1 година и изнесува 1.566,4/100.000 жители, посочуваат од ИЈЗ.
ИЈЗ нагласува во извештајот дека од пријавените 1.179 случаи, лабораториски биле потврдени 1.176.
Од 18 јануари 2024 година до 23 јануари 2025 година, на територијата на земјава дадени биле вкупно 96.114 дози на вакцина која содржи компонента против голема кашлица.
Ново на Сител
-

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села
-

Мигрантската криза во Сеута повод за меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим
-

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци
-

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин и марихуана, приведено едно лице
-

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
-

Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час
