„Трикафта“ за најкритичните пациенти се очекува во период не подолг од 30 дена
Завршени се административните процедури што беа потребни за итна набавка во кус рок на лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти, кои боледуваат од цистична фиброза, соопшти Прес-службата на Владата.
- Испораката на лекот „трикафта“ за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек. За оваа намена, од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2 милиони евра, а во соработка со сите релевантни институции во изминатите неколку дена, беа завршени сите постапки со кои се овозможува непречена итна набавка на лекот „трикафта“ за критичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, пишува во соопштението.
Дополнително, како што појаснуваат од владината Прес-служба, во текот на денешниот ден во Владата ќе се одржи втор состанок на посебното тело во кое се директно вклучени и институциите и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза.
- На денешниот состанок, во инклузивен и транспарентен процес, се очекува да се финализираат потребните измени на законските решенија, со што ќе ѝ се овозможи на државата директно да преговара за набавка на лекот „трикафта“ и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти. Со овие измени на постоечките законски регулативи, кои се очекува работната група да ги заврши до крајот на неделата, се обезбедува системско решение, бидејќи државата ќе е во можност преку директни преговори со производителот на лекот, да ја набавува потребната терапија, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
