Македонија
13. July 2024 - 9:55

Тримесечно бебе било малтретирано на Педијатрија, тврди семејството

Откако тримесечно бебе било примено на преглед на Клиниката за педијатрија, неговото семејство оптужува за физичко насилство од страна на медицински сестри. 

Имено, на мајката не и бил дозволен пристап до нејзиното дете за време на прегледот, а на бебето му биле нанесени модринки и ознаки од нокти. 

Министерот за здравство, Арбен Таравари, синоќа на неговиот Фејсбук профил напиша дека доколку овој случај е вистина, медицинската сестра веднаш ќе биде отпуштена и тој лично ќе се погрижи веднаш да биде упатена до правните органи.

Тој заедно со директорот на Педијатрија се сретна со семејството на тримесечното бебе.