„Трио Бакалов“ вечерва на „Охридско лето“

Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва со почеток во 21 часот во црквата „Света Софија“ несекојдневно доживување со концертот на „Трио Бакалов“ предводено од авторот на музиката на некои од најзначајните Вестерн филмови - Луис Бакалов. Тој ќе настапи заедно со уште двајца исклучителни пијанисти Марко Чампи и Алберто Пицо.
- Уште еден ексклузивен уметник на Охридско Лето, оскаровецот Луис Бакалов кој ќе ја надополни низата на светски пијанисти кои годинава, на ова јубилејно издание, ја збогатија фестивалската програма. Во прекрасната црква „Света Софија“ фестивалската публика ќе има ретка можност да ужива во музицирањето на тројца врвни пијанисти на две пијана, изјави Гордана Јосифова Неделковска, селектор на музичката програма.
Бакалов е препознатлив по своите музички матрици за филмовите „Џанго“, „Јавач на бурата“, „Цената на моќта“, „Убиј го Бил“ и многу други популарни остварувања на полето на филмската уметност. Во неговата импресивна биографија се впишуваат и номинациите за наградата „Academy Award“ за оригинална партитура – во 1967 година за филмот „The Gospel According to St. Matthew“ и во 1996 година, кога и ја добива наградата за филмот „Il Postino“. Соработувал со голем број значајни режисери.
Иако во светот е познат, пред сè, по својата композиторска дејност, Бакалов се истакнува и како пијанист. За својата изведувачка дејност тој е добитник на многубројни награди на повеќе од 30 национални и меѓународни натпревари по пијано. Настапувал како солист во некои од најпрестижните сали во светот, секогаш предизвикувајќи воодушевување кај светската публика и критика.
На програмата на вечерашниот концерт се избрани дела на Дебиси, Равел, Пјацола, Скарлати, Мориконе, Гулда, Џакомо, како и авторски дела на самите изведувачи.
Ново на Сител
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
