Триото „Аура” одржа концерт во Кавадарци

Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран”, синоќа во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци, концерт одржа триото „Аура”.
Пред кавадарчани се претставија Страшо Темков на флејта, Ана Гацева на пијано и Марјан Милошевски на фагот, инаку професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Програмата беше конципирана во неколку дела, почнувајќи со современи композиции.
- Едната специјално ја набавувавме за концертиве и ќе доживее своја праизведба во Македонија, делото на Тим Јанса. Ќе завршиме со дело на Пиацола и мислам дека тоа навистина во овој летен период ќе дојде пријатно за публиката како завршница на концертот, изјави за МИА Гацева.
Владимир Темков, директор на културниот дом, пред присутните меѓу другото посочи дека концертот е во организација на Министерството за култура на Република Македонија, Локална самоуправа Кавадарци и “Иван Мазов - Климе“.
- Цел на ваквите манифестации како „Топол културен бран”, е да се дисперзираат вредни културни настани и во нив да може да се ужива не само во Скопје, туку и во другите градови на Македонија, нагласи директорот.
Зад Темков, Гацева и Милошевски се бројни настапи и успеси во земјава и странство. Триото има долгогодишна концертна активност, изведувајќи дела од сите музички епохи, како и премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав.
Ново на Сител
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
-

Рокот на спорните серии на БСЖ во Македонија истекол во јуни годинава - нема ниедна несакана реакција
