Македонија
14. August 2019 - 12:49

Трипуновски: Четири месеци немало вакцинација за антракс

Се наоѓаме пред дувлото на криминалниот октопод – централниот штаб на СДСМ, партија каде претседател на комисијата за земјоделие е Зоран Атанасов, човекот кој е пулен на Заев. Истиот оној човек кој две недели криеше од македонската јавност дека во Македонија има случај на антракс.

Претседателот на партиската комисија за земјоделие на СДСМ, Атанасов е човекот кој оваа година го остави добитокот во 22 дистриктни подрачја во Република Македонија невакциниран од антракс, а со тоа постои сериозна опасност оваа болест која што се пренесува и на луѓето да се рашири на целата територија на Република Македонија.

Негрижата на Атанасов е негрижа на СДСМ.

Атанасов со своето неодговорно однесување, го прекршил и законот според кој е должен да ги извести граѓаните кога има случај на антракс во државата. Тој тоа не го сторил и свесно го криел. Зошто, се уште не одговара.

Почитувани,

Одговорност мора да има. Атанасов мора да си поднесе оставка. Нестручното и неодговорното однесување и управување со институциите покрај економските загуби во сточарството може да предизвика и човечки жртви.

Господине Атанасов, кажете му на вашиот партиски шеф Зоран Заев, дека го уништи земјоделието во Република Македонија . Сточарите се во без излез, полјоделците и овоштарите одамна во бездна. Земјоделецот го пониживте и затоа треба да си заминете. Предвремени избори веднаш. Оваа влада веќе нема капацитет да управува со Република Македонија.

Прашање: Директорот објасни дека во 22 дистрикти во земјава, населени места, антраксот постои со децении. Ве обвинуваат за ширење на шпекулации и невистинити.

Одговор: Видете вака, точно е дека во 22 подрачја во Република Македонија се жаришта на претходни жаришта на антракс меѓутоа согласно годишната наредба која што ја носи самата агенција за храна и ветеринарство има обврска секоја година да врши превентивно вакцинирање на добитокот во тие подрачја. Ако вакцинирањето во 2018 било на крајот на мај месец тоа значи дека оваа година на крајот на мај морало повторно да има вакцинирање. Денеска сме август тоа се пролонгирање на четири месеци. Замислете без превентива 4 месеци во тие 22 подрачја постои сериозна опасност да се појави антраксот. Антраксот е болест која се пренесува на луѓето, во многу случаеви знае да биде и летален. Затоа овој несериозен однос и не одговор со бледи прес конференции од страна на директорот е крајно несериозен однос спрема македонската јавност и граѓаните.