Трипуновски: Дали СДСМ поништи два јавни повика за закуп на земјиште за потоа да им го додели на блиски лица
СДСМ и Љупчо Николовски преку Министерството за земјоделство ги рекетираат земјоделците. Од 4 јавни повици за доделување на земјоделско земјиште под закуп минатата година 2 се поништени без основ.
Околу 1500 земјоделци кои аплицирале на јавниот повик се оштетени директно со околу 300 евра по апликација, пари кои ги дале за изготвување на елаборати и друга потребна документација, а потоа без основ двата јавни повици се поништени. Тоа се околу 450.000 евра директна штета врз земјоделците.
Имено во Службен весник бр.9 од 14 јануари 2022 година, е објавено дека Министерството за земјоделство ги поништува јавните повици бр.01/21 и 04/21 за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари и тоа со решение за поништување бр 41-216/6 од 12.01.2022 година.
Притоа, решението НЕ Е ОБЈАВЕНО заедно со ова известување за да може да се види причината за поништувањето. Со необјавување на решението бесправно се одзема правото на приговор или жалба по донесеното решение.
Известувањето за поништување се објавува во огласниот дел на Службен весник, и притоа НЕ СЕ ОБЈАВУВА на веб страна на Министерството за земјоделство и на прашања на земјоделците до каде се јавните повици, упорно се молчи. Целта е преќутно да се помине ова без земјоделците да имаат право на жалба или тужба до соодветните институции.
Од друга страна на 25 ноември 2021 година имаше јавно отворање на понудите за јавен повик 01/21 и за секоја понуда јавно се кажуваа називот на понудувачот, висината на понудата и на парцелата на кој се однесува понудата. Поништувањето на повикот по јавно отворање каде секој можеше да ги слушне и запише горенаведените информации претставува само по себе преседан. На следно објавување на повикот сите кои што располагаат со овие информации од отворањето се во компаративна предност. Веќе точно ја знаат висината на понудата за секоја парцела и ќе знаат кој колку и каде има аплицирано.
Дали зад ова поништување се крие намерата земјиштето да се подели на луѓе блиски до СДСМ и им се остава простор да манипулираат со понудите при наредно објавување?
Напоменувам дека веќе два пати по истиве јавни повици се изложуваат земјоделците на високи трошоци за елаборати, документи од институции, нотарски заверки итн. Повторно на грбот на земјоделците се полни државната каса.
Комисијата што е одговорна за спроведување на овие јавни повици и нивните членови се дебело платени со паушали, не се ниту санкционирани, ниту ќе одговараат за злоупотребата, односно оштетувањето на земјоделците.
Затоа го повикувам Љупчо Николовски и СДСМ да го почитуваат законот и да не прават малверзации. Воедно нагласувам дека наскоро по промената на власта ќе има ревизија на сите јавни повици и огласи и за секоја неправилност ќе има соодветна санкција.
Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
-

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток
-

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже
-

Дизел горивата поскапуваат за половина денар
-

Аудито на Мерко од 67.000 евра оди на надавање, почетна цена 10.000 евра
-

Во јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, приведени 74 лица за безобѕирно управување на возило
