Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска го посети бачилото на овчарот Никола Колев во струмичко Костурино, кому поплавата во понеделникот му однесе 56 овци и над 120 јагниња и притоа вети институционална и општествена помош.
Посочи дека Општината на вчерашната седница на Советот има формирано Комисија за проценка на штети од ова невреме, која е составена и од претставници на Министерството за земјоделство и кои ќе направат проценка во делот на тоа што навистина има оштетување на неговиот имот и согласно процедурата и законот да биде обесштетен од страна на Владата.
-Дополнително, анимирани се сите членки на Сојузот на одгледувачи на овци и секоја од членките во рамките на своите можности да помогне со жива стока којашто ќе му биде дадена на Никола за да може да продолжи да опстојува како и претходно со одгледување на овци, но и со многу општествено одговорни компании од регионов сум во комуникација кои ќе помогнат со градежни материјали за да се изгради нова штала на сточарот Никола за да може да ги одгледува и преживеаните овци, но и оние коишто ќе се соберат. Дополнително јавното комунално претпријатие ќе преземе активности за чистење на одредена каналска мрежа за да не дојде до нови поплавувања и нови штети на овој дел, односно на нашиот драг фармер Никола, рече министерот Трипуновски.
Претседателот на Сојуз на одгледувачи на овци, Насер Џемаили ги повика другите одгледувачи од државата на солидарност.
-Ние како Сојуз ќе се обидеме да му го вратиме бројот на овците коишто ги изгубил. Би сакал да ги информирам сите членови – одгледувачи на овци кои можат да помогнат барем со една овца, две или колку се во можност да му излеземе во пресрет на Никола, рече Џемаили.
Сопственикот на фармата, Никола Колев сè уште е во шок од претрпената штета. Вели дека покрај стадото настрадала и шталата и сè се случило за 10 минути, а одгледувањето овци му е извор на егзистениција.
-Јас барав помош и дојдоа татко ми, брат ми и овчарот, но не успавме да ги спасиме јагнињата. Спасивме четириесетина овци. Живееме само од одгледување на овците, рече Колев.
Инаку, освен бачилото кај селото Костурино, обилниот дожд во понеделникот предизвика поплавување на дворови и земјоделски површини во селата Сачево и Муртино.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
