Трипуновски: Министерот да излезе на терен за проблемите со откупот на тутунот

Министерот и инспекторите да излезат на терен за низ дијалог со откупните компании да се надминат несогласувањата околу откупот на тутунот, апелира денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.
Крајно време е, рече Трипуновски, да се стопира потценувањето на маката на тутунарите.
Дополнителниот заменик-министер се пожали дека министерот и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство не го сфатиле сериозно кога апелирал дека има проблеми со откупот на тутунот.
– За жал, преку медиумите се информирав дека тутунарите од прилепскиот дел излегле на протести и си ги бараат своите права. Имаме откупни компании кои своите пунктови ги имаат повлечено иако имаат актуелни односно активни договори со тутунари од тој регион а имаме нереална проценка на производството на тутун односно тутунот се цени со неколку класи погоре што е класична манипулација и потценување на трудот на тутунарите. Минатата недела на мое барање бев и кај директорот на Земјоделскиот инспекторат на кој што ги укажав овие согледувања од терен и апелирав да се направат вонредни контроли и да се едноставно таа институција која е најповикана да биде гарант дека откупот ќе биде како што треба односно согласно законите и процедурите. Меѓутоа, постојано бев заобиколуван. И актуелниот министер и инспекторатот не ме сфаќаа сериозно дека има сериозен проблем на терен и еве денеска гледаме дека има некои што протестираат, рече Трипуновски.
Претпладнево, тутунари од Прилепско еден час го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско. Го изразија својот револт од, како што рекоа, нереалната проценка на тутунот. Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, пак, апелира да не подлегнуваат на манипулации. Секој килограм тутун, напомена Димковски, ќе биде откупен. Инспекторатот има засилени контроли на терен и нема простор за паника.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
-

Јаневска: Неправилностите во работењето ќе значат одземање акредитации за високообразовни институции
-

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
