Трипуновски: Поднесов барање до министерот да се тргне ограничувањето за субвенцијата за тутунот и да изнесува 100 денари
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на општина Долнени.
Во последните денови од откупната сезона на тутунот Трипуновски оствари средби со тутунопроизводителите и посети неколку откупни пунктови, притоа информираше дека денеска поднел барање до министерот Николовски и Владата да се изврши корекција на уредбата за субвенциите од директните плаќања, односно да се укине ограничувањето и сите тутунопроизводители да добијат покачување на субвенциите од 80 на 100 денари.
Денеска поднесов барање до актуелниот министер Николовски, до Владата, да се направи корекција на уредбата за директни плаќања, односно сега стои ако реколтата надмине 15 илјади тони нема да имаат дополнителни 20 денари за килограм тутун, моето барање е субвенцијата од 80 да се поткрене до 100 денари. - изјави Трипуновски.
Со укинување на ограничувањето сите тутунопроизводители би можеле да ја добијат оваа субвенција доколку се земе во предвид тешката година која што ја имаа земјоделците.
Со мојата активност во наредниве денови ќе се обидам максимално да го следам овој случај се до исполнување, односно до укинување на ова ограничување. Дали власта ќе се одважи, дали Николовски ќе се одважи, останува да видиме во наредните денови, јас од позиција на технички министер ќе дадам се од себе за ова да успее. - заврши Трипуновски.
Дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
