Македонија
13. November 2021 - 12:09

Трипуновски: Власта езерата ги пресуши, хидро акумулацијата Калиманци на раб на пропаст

„Хидро акумулацијата Калиманци во моментов има четири пати помалку вода од својот максимум, вода во езерото има само 22% од својот капацитет со што езерото е доведено до раб на пропаст“, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски посочи дека хидро акумулацијата Калиманци има многу важно значење за земјоделството затоа што површините од Кочани па се до Велес се наводнуваат од оваа акумулација.

„Но, исто така оваа акумулација има и енергетска вредност затоа што се произведува електрична енергија. Со сегашниот водостој на ХЕЦ Калиманци практично е невозможно да се даде допринос во производството на електрична енергија“, нагласи Трипуновски.

Трипуновски додаде дека се доведува и до знак прашање производната сезона на оризот за идната година, но и целокупното земјоделско производство долж Брегалница.

„Власта целосно ги пресуши хидро акумулациите ширум Република Македонија, кои имаат и енергетска и земјоделска вредност за нашата држава. Со оваа власт езерата се доведуваат до пропаст, а последиците ќе траат и наредните години. Затоа е потребно веднаш оваа власт да замине и да се преземат итни чекори кои што ќе значат зачувување на хидро акумулациите кои што имаат и енергетска и земјоделска вредност за нашата држава“, рече Трипуновски.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ново на Сител