Трипуновски: Власта увезува тутун, додека домашниот го остава да скапува
Огромни количини на тутун останаа не откупени. Откако им го земаа 80% од тутунот за цена од 120 до 160 денари за килограм. Власта сега е во нов поход и останатиот тутунот се откупува за мизерни 65 – 80 денари.
Тие 65 денари не покриваат ништо. Тутунарите се во чист зијан.
Почитувани,
Ова е причината за агонијата и мизерувањето на тутунарите во Република Македонија! Ова се документи за увезен ориентален тутун од Бугарија во Македонија.
Заев и целата власт лажеа дека не се увезува тутун. Со овие документи се демантираат во целост.
Со дозволата да се увезува тутун во Македонија, во тек на откуп на домашното производство директно влијаеше на производната односно на продажната цена на тутунот.
Власта свесно ги уништува тутунарите.
Ова е недозволиво и Заев лично е причина за маката на илјадници семејства кои се доведени на раб на егзистенција.
Почитувани тутунари,
Маката нема уште долго да трае. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт, ќе забрани увоз на тутун. Нема да може да се внесе тутун од странство, пред вашиот да биде купен, а вие да добиете достоинствена цена.
Заев мора да замине. Македонија мора да се крене на нозе.
Цветан Трипуновски, ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
