Трипуновски: Земјоделците оставени сами на себе
Ситуацијата во земјоделскиот сектор во Република Македонија е повеќе од алармантна. Постојано гледаме како земјоделците си ги бараат ветените субвенции. Сведоци сме дека изминативе години додека СДСМ е на власт речиси секоја земјоделска култура наместо на пазарите завршуваше на буниште.
Сакаме да укажеме и да ја информираме јавноста дека реалната ситуација со македонското земјоделие е очајна и дека земјоделецот е доведен на работ на егзистенцијата.
Доказ дека земјоделците се оставен сами на себе е фактот што со последната измена на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, која што е објавена во „Службен весник“, во мерката 11 која се однесува на заостанатите обврски, бројката е повеќе од алармантна. Речиси 65 милиони евра се во ставката заостанати обврски. Потенцираме 3 милијарди 979 милиони 766 илјади денари е минусот во програмата за финансиска поддршка во земјоделството, кои што се направени од страна на СДСМ за период од 2017 и 2018 година.
Тоа значи дека лозарите од Тиквешијата, јаболкарите од ресенскиот регион, оризарите од кочанско, градинарите од струмичкиот регион и сточарите од цела Република Македонија со ваквиот минус во програмата нема да ги добијат ветените субвенциите кои што ги очекуваат со денови, а за нив живот значат.
ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период постојано апелираше и повикуваше власта да има сериозен пристап кон македонското земјоделство. Напротив власта се луксузираше, трошеше милиони евра на непотребни забави и се правеше глува на потребите на најголемата категорија граѓани во Република Македонија, а тоа сте вие почитувани земјоделци.
Заев дојде на власт манипулирајќи ги земјоделците дека ќе обезбеди сигурен пласман и високи откупни цени за земјоделските производи. А, Заев и Николовски ветуваа редовна исплата на субвенциите и нивно покачување. Ништо од тоа денес не е случај.
Земјоделците го видоа вистинското лице на Заев, Николовски и нивниот пулен Димковски.
Ново на Сител
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника

