Триумф над Лихтенштајн вечерва е императив за избраниците на Милевски
– Со императив да ја оправдаат фаворитската улога и со победа да ги задржат шансите за пласман на Мундијалот 2022, македонските фудбалери ќе истрчаат вечерва на националниот стадион во Вадуц против репрезентацијата на Лихтенштајн во рамки на 7. коло во квалификациската група Ј.
Македонската репрезентација вчеравечер го одржа последниот официјален тренинг пред дуелот на „Рајнпарк“ стадионот што започнува во 20:45 часот, а ќе го суди Полјакот Бартош Франковски.
Во составот на селекторот Благоја Милевски, под чие водство националниот тим има ефект од три нерешени натпревари во квалификациската група Ј, поради повреда го нема стандардниот играч од средниот ред Енис Барди, а ново име е дебитантот Ердал Ракип од шведскиот шампион Малме.
По шест одиграни натпревари во групата Ј, „црвено – жолтите“ се четвртопласирани со девет бодови, бод помалку од Романија, два од Ерменија и шест од лидерот Германија, која гостува во Скопје на 11 октомври.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
