-->
-->
Триумф во Мајами и рекордна титула за Ѓоковиќ
-->
Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Мастерс турнирот во Мајами со победата над Кеи Нишикори 6:3, 6:3. Ѓоковиќ по шестата титула, во седмото финале во Мајами, го запиша своето име во тениската историја.
Српскиот тенисер речиси рутински славеше над Нишикори, иако Јапонецот уште на стратот во првиот грем направи брејк.
Ѓоковиќ во Мајами ја освои 28-та титула на турнирите од Мастер серијата и стана апсолутен рекордер. Воедно тој е сега тенисерот кој најмногу заработил од турнирите во кариерата.
Првиот светски рекет досега во кариерата има заработено на турнирите 98.199.548 долари.
Исто така Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата кој четири години последовно ги освојува Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.
Во изминатите три недели на овие два турнири од американската турнеја, Ѓоковиќ загуби само еден сет и тоа од анонимниот Американец Бјорн Фратанџело во второто коло во Индијан Велс.
Потоа во два сета славеше над Колшрајбер, Лопез, Цонга, Надал, Раониќ (Индијан Велс), односно Едмунд, Соуса, Тим, Бердих, Гофан и Нишикори
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари