Тркалезна маса: Годинава сме меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на новороденечката смртност
Продолжува намалувањето на процентот на смртност на предвремено родените бебиња на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Ако се земе предвид дека во 2016 година изнесуваше 25 отсто, во 2017 година – 21 отсто, во 2018 година – 16 отсто, а во 2019 година – 12 отсто, годинава тој изнесува 11,1 отсто, истакна директорката на Клиниката, Викторија Јовановска и изрази надеж дека до крајот на годинава тој процент уште повеќе ќе се намали.
Таа во обраќањето на дигиталната тркалезна маса „Заедно за бебињата родени предвреме-се грижиме за иднината“, што се одржа во организација на Клиниката и граѓанската организација „Лулка“ по повод 17 Ноември, Светски ден на предвреме родените деца, рече дека имајќи ги предвид околностите кои ги донесе пандемијата и сите фактор ризици, годинава на Клиниката има и значително намален број предвремени породувања кои изминатите години беа од 600 до 700, а годинава се 490.
Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека годинава сме меѓу првите земји во светот каде има најголемо намалување на новороденечката смртност. Посочи дека тоа подразбирало сериозен план, инвестиција во неколку сегменти, прво во делот на опремата, потоа во делот на организацијата, експертизата, инвестиција на опрема, купени се голем број инкубатори, имало експертиза од странство, а многу позната докторка неонатолог од Белград долг период престоувала на Клиниката.
– Се воведуваа европски протоколи, се направи добар систем на комуникација со одделението за интензивна нега на Детската клиника. Во еден таков систем сега имаме со што да се пофалиме, а тоа е за скоро 30 проценти, односно 50 проценти намалена неонатална, перинатална и доенечката смртност, потенцира Филипче.
Во сите изминати месеци преку воведување нови патеки и протоколи посебна соба, еден оддел за изолација на клиниката, посочи министерот, Клиниката е единствената во државата каде се третираат пациентки со Ковид-19.
– Во делот на бременоста се вршат породувањата во целосно изолирани услови, одвоени од другите болнички соби, коридори и операциони сали и делот за интензивна нега, каде сега интензитетот се одвива како што се одвиваше и претходно. Нема креирање листи на чекање и оперативната програма добро се одвива, што заслужува честитки за менаџерскиот тим, рече Филипче.
Нагласи дека тој добар менаџмент е почнат пред две ипол, три години кога многу внимание посветиле на еден од најголемите проблеми – новороденечката смртност, посебно во делот на предвремено родените бебиња.
– Огромен број донации стигнаа на Клиниката и огромен број одделенија се пријатно катче за престој на новите мајки и тоа ја прави врвна клиника со најголем број раѓања во текот на годината и единствена каде се спроведуваат овие јасно одредени протоколи за породување со Ковид-19, додаде министерот Филипче.
Директорката на Клиниката, Јовановска рече дека подобрувањето на негата и намалување на смртноста на пациентите кои се лекуваат на одделението на неонатална интензивна нега значи одличен резултат за установата и радост за сите семества чии деца се наши пациенти.
Посочи дека планираат постојано технолошко надградување на опремата на одделението за интензивна нега, усовршување на персоналот со цел постигнување уште поголема ефективност и резултати кои претставуваат и мотив за следни успеси, ангажирањето експерти од надвор и поголемо отворање на одделението во однос на пристапот на родителите до своите дечиња во инкубатор.
– Подобрувањето на негата и лекувањето на ризичните бременост и на предвремено родените бебиња и натаму ќе остане високо на нивната агенда, бидејќи тоа визијата на таа установа и на вработените, додаде д-р Јовановска.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење