Македонија
28. May 2018 - 9:11

Тркалезна маса во рамки на 6. „ПРО-ЗА Балкан“

На вториот ден од 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, денеска во ЕУ Инфоцентарот ќе се одржи тркалезна маса „Балканските класици во европската литература: (не)визибилност во 21 век“.

Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата „Скопје фелоушип“. Фестивалот ќе организира и средба на гостинските автори со нивните читатели во книжарницата „Икона“ во ТЦ „Скопје сити мол“  вечер во 18.30 часот. 

Учесници на шестиот „ПРО-ЗА Балкан“ се Роберт Перишиќ од Хрватска, Фросина Пармаковска од Македонија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина, Афер Тунч од Турција и Јуриј Худолин од Словенија. Српскиот писател Светислав Басара, кој е и добитник на наградата за авторски придонес во балканската литература „Прозарт“ од здравствени причини не присуствува на фестивалот.

„ПРО-ЗА Балкан“ почна вчера и ќе заврши утревечер во Даут-пашиниот амам каде што писателите ќе читаат извадоци од своите дела.