-->
-->
Тројца бугарски министри поднесоа оставка
-->
Тројца министри од бугарската Влада поднесоа оставка по автобуската несреќа во која загинаа 17 луѓе, а неколкумина се повредени.
Претходно, бугарскиот премиер Бојко Борисов ги повика министерот за внатрешни работи, за сообраќај и за регионален развој - Валентин Радев, Ивајло Московски и Николај Наков да поднесат оставки и да преземат политичка одговорност.
Оставките на тројцата министри кои ги именуваше партијата на Борисов, ГЕРБ, треба да ги потврди Парламентот.
Несреќата се случи пред една недела, кога се преврти автобус и излета од автопатот, на околу 50 километри северно од Софија.
На местото на несреќата загинаа 13 лица, а четворица починаа во болница.
Причината за несреќата се уште се испитува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: До стратешката цел со помош на стратешкиот партнер
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Коцевски го доби предлогот за негово разрешување - тврди дека нема правен основ
-
Маржи и до 70% откриени кај дистрибутери - пазарна на терен
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека се во координација со ССМ
-
Трет правосуден форум за родова еднаквост во Западен Балкан
-
Таравари: Владата ќе реши дали албанска компанија ќе го земе паркингот кај Клиничкиот центар