-->
-->
Тројца малолетници претепале и ограбиле кавадарчанец
-->

НК за КР Кавадарци поднесе кривична пријава против шеснаесетгодишник од Гевгелија и двајца малолетници од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 25. септември околу 23.00 часот, на ул. „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци пријавените го пресретнале лицето А.И. од Кавадарци, му го попречиле патот и му побарале пари.
Откако истиот им кажал дека нема пари, почнале да го удираат во пределот на главата по што паднал на земјата.
Пријавените продолжиле со нападот и со употреба на сила му одзеле паричник во кој имало 800-900 денари и мобилен телефон, по што побегнале од местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
