Македонија
27. September 2019 - 11:45

Тројца повредени во сообраќајка на патот Куманово - Свети Николе

На крстосница од регионален пат Куманово - Свети Николе вчера во 10.25 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(73) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(57), двајцата од с.Тромеѓа, кумановско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П. од возилото „тојота“ и била пренесена во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачот С.М. и сопатничката М.Д. и биле пренесени во болницата во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.