Македонија
18. November 2021 - 12:56

Тројца повредени во судир на трактор и автомобил кај Тетово

Вчера во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Пирок, во близина на бензинска пумпа кај с.Калник, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(42) од с.Долно Седларце, општина Брвеница  и трактор „имт 539“, со приколка без регистарски ознаки, управуван од М.М.(39) од с.Горно Палчиште, соопштија од МВР.

Во несреќата возачот на патничкото возило А.И. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на тракторот и неговиот сопатник Н.Б.(57) од Тетово се  здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.