-->
-->
Тројца повредени во судир на трактор и автомобил кај Тетово
-->
Вчера во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Пирок, во близина на бензинска пумпа кај с.Калник, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(42) од с.Долно Седларце, општина Брвеница и трактор „имт 539“, со приколка без регистарски ознаки, управуван од М.М.(39) од с.Горно Палчиште, соопштија од МВР.
Во несреќата возачот на патничкото возило А.И. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на тракторот и неговиот сопатник Н.Б.(57) од Тетово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија