Македонија
11. November 2024 - 14:25

Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар

Во саботата во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.А.(26), О.А.(25) и Р.С.(23), сите од Скопје поради тоа што на 08.11.2024 околу 23 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар физички ги нападнале Т.Г.(24), Ј.Ш.(30), Е.С.(28), О.С.(27), Ф.Г.(27), Ф.Ј.(25), М.М.(28), Е.Ч.(25), Д.М.(27), Б.П.(25) и Е.Ќ.(26), сите од Р.Турција, а со престој во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Ново на Сител