Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос

Безживотните тела на три лица биле извлечени во морскиот дел јужно од малиот грчки остров Гавдос, кога почнал да тоне дрвен чамец со мигранти, а биле спасени 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, вчера попладне, откако биле информирани дека е потребно обезбедување помош за чамец со мигранти, брод на Фронтекс се упатил на местото и за време на процесот на приближување кон чамецот, лицата се поместиле на една страна, што довело до полнење на чамецот со вода и негово превртување.
Екипажот на бродот на Фронтекс веднаш фрлил чамци за спасување, како и индивидуални гуми за спасување и биле спасени 51 маж, една жена и три деца, а животот го загубиле двајца мажи и една жена.
Паралелно започнала и потрага за евентуално исчезнати, што продолжува и денеска, а спасените 55 лица биле пренесени на пристаништето на островот Крит.
МИА
Ново на Сител
-

Природонаучниот музеј - Скопје ќе се модернизира и дигитално збогатува
-

Град Скопје: Фокус е враќање на достоинствениот изглед на централното градско подрачје
-

Главен уредник на голема турска телевизија приведен во истрага за дрога
-

Приведен 30-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се автоматска пушка, куршуми и дрога | ФОТО
-

Приведено лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“, веднаш по добиената пријава
-

Нова номинација за македонскиот филм „Силјан“ - за продуцент/и на документарен филм, на престижните „ПГА“ награди
-

Седумдесет и девет години од основањето на УНИЦЕФ
-

Граничните премини Евзони и Ники и денеска затворени на неколку часа
