Тројца загинати при експлозија во депо за старо оружје во Украина
Три лица, меѓу кои и претставник на НАТО, загинаа, а двајца се ранети при експлозија во државен објект за уништување на старо оружје ви Украина, соопштија денеска украинските власти.
Според сооопштението, станува збор за експлозивни материјали кои се активирале пред да се спроведе уништувањето.
- Меѓу тројцата загиинати има и претставник НАТО. Се работи за украински државјанин, кој таму бил во својство на надзорник изјави портпаролката на украинското Обвинителство, Јулијана Лазаренко.
Инцидентот се случил вчера во депото „Укроборонпром", кое е и складиште за оружје, што се наоѓа близу градот Суми на североистокот на земјата.
Веќе со години Украина врши уништување на дотраени експлозивни направи со финансиската поддршка од НАТО. Ваквите инциденти се чести во украинските складишта за оружје, во кои, според експертите, веројатно недоволно се запазуваат мерките и условите за безбедност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови