Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција

Три лица загинаа во експлозија во зграда на воената полиција во северна Русија, во близина на Санкт Петербург, соопштија денеска локалните власти.
Телата биле пронајдени под урнатините на делумно уништената зграда во градот Сертолово, напиша гувернерот Александар Дрозденко на Телеграм.
Според медиумските извештаи, други лица се повредени во експлозијата, за која граѓаните велат дека можела да се слушне на оддалеченост од неколку километри, пренесе ДПА.
Причината засега е нејасна. Истражниот комитет соопшти дека се покренати истраги за небрежност и за кршење на прописите за заштита од пожари.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина пред речиси четири години, украинските разузнавачки служби редовно извршуваат напади во Русија, главно врз воени цели.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
