Тројцата астронаути од кинеската мисија „Шенжоу-18“ се вратија на Земјата
Астронаутите Је Гуангфу, Ли Конг и Ли Гуангсу беа на Кинеската вселенска станица „Тијангонг” од 25 април оваа година и синоќа ја завршија мисијата „Шенжоу-18“. Кинеската вселенска агенција потврди дека астронаутите се во добра здравствена состојба.
Вселенските истражувачи слетале во текот на ноќта во Донгфенг, северна Кина, а тимовите за набљудување, потрага и спасување користеа инфрацрвени термални камери за следење на капсулата. Командантот Је и неговата посада спроведоа низа научни експерименти за време на нивниот престој на „Тијангонг“, вклучително и проучување прастари микроби. Во оваа мисија се случи и кинескиот рекорд во поглед на вселенското излегување – во мај. А, потоа следеше уште едно излегување во јуни, со што беше поставен штит од вселенски отпад, пренесе кинеската „ЦЦТВ“.
Је, со својата втора мисија, е првиот кинески астронаут кој мина повеќе од 365 дена во Вселената вкупно.
Кинеското астронаутско трио спроведе вежба за итни случаи при што го сними Центарот за лансирање сателити „Џијукван“ во пустината Гоби, од каде што и полетаа во април. Беше извршено, меѓу другото, и снимање на комодромот „Венчанг“ на островот Хајнан, јужна Кина, од каде што беа испраќани модулите за „Тијангонг“.
Од 30 октомври, на Кинеската вселенската станица има нов астронаутски екипаж.
Кина има намера да го прошири „Тијангонг“ со додавање три нови модули. Идните планови предвидуваат испраќање и вселенски телескоп од класата „Хабл“, којшто ќе може да се приклучи на станицата заради одржување и поправки.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание
-
Пет инспекциски екипи од денеска ќе проверуваат дали се безбедни објектите за прослави и големи собири
-
Прилепскиот театар е првиот објект кој доби забрана за користење поради лошите услови