Тропската бура „Метју“ над Карипско Море прерасна во ураган
Тропската бура „Метју" вчера, над Карипско Море, ја доби силата на ураган од прва категорија (на петстепената Сафир-Симпсонова скала).
Како што информира Националниот центар за набљудување на урагани од Мајами, брзината на ветрот надмина 120 километри на час. Во моментов ураганот се движи на запад со брзина од 27 километри на час, пренесе ТАСС.
„Минувањето на „Метју“ во следните денови ќе предизвика големи бранови на бреговите на Порто Рико, Хаити, Доминиканска република, Аруба, Бонеира, Курасао, Колумбија и Венецуела“, соопшти центарот.
Според овие прогнози во следните 48 часа се очекува „Метју“ да добие уште поголема сила. Над централниот дел на Карипско Море е можно ураганот да ја смени својата насока и да се упати кон Куба.
Во оваа сезона на урагани над Атлантскиот Океан, што почна на 1 јуни, досега се формираа 13 тропски бури, од кои пет се прераснаа во урагани: „Алекс“, „Ерл“, „Гастон“, „Ермин“ и „Метју“. Во нив имаше вкупно над 60 жртви, од кои 49 загинаа во Мексико од ураганот „Ел“.
Ново на Сител
-
До петок променливо време, за викендот стабилно и топло
-
Мицкоски: До сега во неколку случаи сум разочаран од делувањето на обвинителството и судството
-
Момчето убиец од Рибникар: Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа
-
Бурим Латифи: Сите информации за наводно потрошени пари се само лажни вести
-
Од 2013 до 2021 годишно мигрирале по околу 2.500 високообразовани кадри
-
Иран ја активирал противвоздушната одбрана над градот Исфахан
-
Уапсен пензионер (64) од Кичево, кај него пронајдени тегли марихуана и дигитална вага
-
Владата сака да сме дел од ЕУ, но не по секоја цена, СДСМ бара затворена собраниска седница за евроинтеграциите