-->
-->
Тухел: Ривалите од Премиер лигата ги користат проблемите на Челзи
-->
– Тренерот на Челзи, Томас Тухел, рече дека ривалите ги користат проблемите на неговиот тим кој е во сопственост на рускиот бизнисмен Роман Абрамович.
– Нема да се откажеме додека не се реши сé, ќе дадеме максимум, во спротивно не можеме да успееме. Противниците го користат фактот што Челзи има проблеми. Сепак, тие заслужуваат да бидат таму каде што се. Наша задача е да се погрижиме да постигнеме што повеќе победи и до освоиме повеќе бодови, изјави Тухел.
По 28 кола во Премиер лигата, Челзи има 59 бодови и се наоѓа на 3. место во поредокот. Лидер во првенството во моментов е Манчестер сити со 70 бодови, Ливерпул има 69 на втората позиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
