Македонија
15. August 2019 - 16:15

Тупураисен: Поддржуваме старт на преговорите во октомври - „Рекет“ е тест за правната држава

Финското претседателство со Европската Унија смета дека Македонија може да добие датум за преговори со Унијата во октомври.

Шефицата на финскста дипломатија Тути Тупураисен по средбата со вицепремиерот Османи е оптимист за напредок во евроинтеграциите.

Според неа случајот рекет не би требало да влијае на одлуката, но се очекува разврска..

Османи пак и се заблагодари на министерката за поддршката која нејизната земја и ја дава на Македонија. Тој истака дека Македонија е посветена на евроатланските интеграции. Тој очекува во октомври Европскиот совет да донесе решение за старт на преговорите.