Турчин измамен од ресенчанец: Дал 10.000 долари за јаболки, па останал и без пари и без роба
На 7 јануари Б.М. од Република Турција во СВР Битола пријавил дека бил измамен за сума од 10.000 долари од У.А. од Ресен. Според пријавеното, тој преку „фејсбук“ стапил во контакт со У.А., бидејќи сакал да увезе јаболка од Македонија во Турција. Исто така, според пријавата, тие оствариле средба во Р.С. Македонија и договориле откуп на 44 тони јаболка, а У.А. побарал од Б.М. да уплати 10.000 долари за да може да го организира транспортот. Според турскиот државјанин, парите биле однесени во еден дуќан во Капали чаршија во Истанбул, од каде биле информирани претставници на менувачница во Старата чаршија во Скопје, од која У.А. ги подигнал парите. Како што пријавил Б.М., после тоа У.А. ги исклучил „фејсбук“ профилот и мобилниот телефон и не бил достапен за контакт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман
-
Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови
-
Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484
-
Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
-
Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар
-
Општина Аеродром изврши контроли на над сто угостителски објекти, ќе се проверуваат и станбените згради