-->
-->
Турчинка обвинета за употреба на фалсификуван бугарски пасош на скопскиот аеродром
-->
Јавното обвинителство поднесе обвинение за фалисификување исправа против 19-годишна турска државјанка која на граничната пасошка контрола на скопскиот аеродром употребила фалисификувана бугарска патна исправа.
– На 16 март, на Меѓународниот аеродром Скопје, при обид да ја помине пасошката контрола за летот кон Лондон-Лутон, таа употребила фалсификувана бугарска патна исправа. Употребениот пасош се разликувал од оригиналниот примерок на патна исправа издадена од Република Бугарија по однос на повеќе заштитни знаци, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
При проверка на личниот багаж на обвинетата било утврдено дека таа поседува оригинална турска лична карта од која бил утврден нејзиниот идентитет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
