Турција ги убедува ОН дека операцијата во Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“

Турскиот амбасадор во Обединети нации, Феридун Синирлиоглу во писмо испратено до Советот за безбедност на ОН наведе дека турската операција во северниот дел на Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“.
– Како што беше случај и во претходните антитерористички операции, турскиот одговор ќе биде пропорционален, одмерен и одговорен. Операцијата е насочена само кон терористите и нивните засолништа, воени позиции и магацините за оружје – посочи Синирлиоглу.
Тој потенцира дека се преземени сите мерки за заштита на цивилното население.
Синирлиоглу истакна дека Турција дејствува во согласност со членот 51 од Повелбата на ОН, што се однесува на индивидуално или колективно право на самоодбрана при вооружен напад.
За ситуацијата во Сирија СБ на ОН денеска ќе разговара зад затворени врати на барање на пет европски држави – Велика Британија, Франција, Полска, Германија и Белгија.
Турската армија денеска, втор ден, продолжи со нападите во Сирија, при што загинаа 15 цивили, а 20 се повредени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
