-->
-->
Турција го повика светот да го признае источен Ерусалим за палестински главен град
-->

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска го повика светот да го признае источен Ерусалим за палестински главен град.
Повикот беше упатен на отворањето на вонредната седница на врвот на Организацијата за исламска соработка .
- Прво, палестинската држава треба да биде призната од сите останати држави. Ние сите треба да се бориме за тоа. Треба да побараме од другите држави да ја признаат палестинската држава врз основа на границите од 1967 година и со главен град источен Ерусалим, нагласи Чавушоглу.
Турција е ротациски претседател на ОИС и побара вонредна седница во Истанбул по одлуката на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел. Целта е да се донесе заедничко решение како одговор на одуката на Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
-

Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда
-

Мерка притвор за лице кое во Штип полово вознемирувало 16-годишна девојка
