Турција и официјално побара од САД да го уапси Ѓулен
Турското Министерство за правда официјално побара од САД да го уапсат Фетулах Ѓулен, кој од турските власти е обвинет за обид за преврат на 15 јули, јави Анадолија.
Според претставници на Министерството Анкара испратила до американското Министерство за правда писмено барање за времено притворање на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД од 1999 година.
Во барањето за апсење се тврди дека обидот за преврат од 15 јули бил извршен по наредба на Ѓулен и под негова команда.
- Освен за многуте криминални дела, извршени во нашата земја, по тоа лице се трага со барање за притворање како човек, под чија наредба беше извршен крвавиот обид за преврат на 15 јули 2016 година, се вели во текстот.
Кон него е додаден и налогот за запсење, издаден од Суд во Анкара во врска со истрагата, која за Ѓулен ја води анкарското Обвинителство.
Барањето за апсење се упатува врз основа на билатералната спогодба меѓу Турција и САД за екстрадиција и казнени постапки за криминалци.
Ново на Сител
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинување на балансерот
-
Анализа: Зошто булингот бележи тренд на зголемување?
-
Тема на денот со Константин Димитров, енергетичар
-
Алкалоид повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
-
Прилепската болница е оставена со над 3 милиони евра долг
-
Студентите бараат дигитализација во јавните универзитети
-
Наместо оброк, Министеството за одбрана ќе им исплаќа надомест за храна на војниците
-
РЕК Битола не работи – трите блока надвор од мрежа