Турција: Ирачките Курди ќе платат цената за референдумот
Турција денеска ги предупреди Курдите од автономната област во Ирак „дека сигурно ќе ја платат цената“ за својата упорност да одржат референдум за независност.
- Курдскиот регион би требало да биде свесен дека сигурно ќе ја плати цената за инсистирањето да се одржи референдум и покрај нашите пријателски предупредувања, се посочува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Исто така, се додава дека се „алармантни“ се пожестоки пораките на курдското раководство за независност.
Ирачките Курди на 25 септември планираат да одржат референдум во трите покраини на Ирачки Курдистан, но и во другите спорни територии со мнозинско курдско население. Курдистан е регион во северен Ирак, кој има автономија од 1991 година. Вооружените сили на Ирачки Курдистан учествуваат во офанзивата против Исламска држава.
Најавата за референдумот веќе ги зголемува тензиите, како во Багдад, така и во Техеран и во Анкара. САД, главниот сојузник на Курдите се обидуваат да издејствуваат одложување на референдумот, стравувајќи од дестабилизација на регионот.
Но, и покрај апелите властите во Ирачки Курдистан не се откажуват од референдумот и оценуваат дека со гласањето се отвора патот кон независна држава.
Во случај Ирачки Курдистан да се одвои од Ирак тоа би значело најголемо прекројување на границите на Блискиот Исток од формирањето на Израел во 1948 година. Со тоа од Ирак би се отцепила територија со површина на Швајцарија, богата со нафта.
Ирачки Курдистан зазема околу 10 отсто од ирачката територија и има околу три милиони жители од вкупно 37-милионско население во Ирак.
Курдско малцинство освен во Ирак, има во Турција, во Иран и во Сирија.
Ново на Сител
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода