-->
-->
Турција испратила барање до САД за купување 40 авиони Ф-16
-->
– Турција испрати барање до САД за купување 40 воени авиони Ф-16, јави турската приватна телевизија НТВ. Во писмото, испратено на 30 септември, се бара и модернизација на 80 авиони Ф-16 од авијацијата на турските вооружени сили. Барањето на Турција ќе го разгледа Пентагон.
Доколку биде одобрено, ќе биде префрлено на Конгресот на САД за конечно одобрување.
Според економските кругови, вредноста на продажбата изнесува 10 милијарди долари. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден треба да се сретнат во Рим за време на самитот на Г20 на крајот на октомври. Се очекува прашањето за борбените авиони, што Турција сака да ги купи, да биде отворено за време на разговорите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
