Турција ја обвини Германија за двојни стандарди - откажан собир заради учество на турскиот министер за правда

Турција ја обвини Германија за двојни стандарди откако властите во јужниот германски град Гагенау го спречија турскиот министер за правда да зборува на митинг, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на изјава на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јави БТА.
Тој, исто така, го предупреди официјален Берлин дека треба „да научи како да се однесува“, доколку сака да ги задржи билатералните односи.
Предвидено беше турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, да зборува пред поддржувачите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Гагенау во рамки на напорите на официјална Анкара да обезбеди поддршка меѓу турското малцинство во Германија за референдумот во април за зголемување на ингеренциите на претседателот.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, пред новинарите во Анкара изјави дека Турција не може да ја прифати постапката во Гагенау, каде општинските власти го повлекоа одобрението за митинг, образложувајќи ја одлуката со недостиг на простор на определеното место.
-Тоа поведение на Германија не им оди во прилог ниту на демократијата, ниту на слободата на говорот и слободата на собирање. Обидете на една земја во последните неколку години да се попречуваат настани од ваков тип, а која притоа се обидува сите да ги учи што е демократија и која на тој начин се обидува дури и да се меша во внатрешните работи на многу земји, всушност покажуваат колку се двојни стандардите на Германија и на Западот, изјави шефот на турската дипломатија, цитиран од приватната турска телевизија НТВ.
Чавушоглу напомена дека германските власти минатата година забранија на митинг, организиран во знак на протест против обидот за преврат во Турција, преку телеконференциска врска да се вклучи и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Истовремено, меѓутоа, тие доадоа одобрение за демонстрации на Курдската работничка партија (ПКК), а на кои во живо се вклучија команданти на групата, рече тој.
-Давате одобрувања на лидери на терористите, но не и на претседателот на Република Турција, избран со гласовите на народот. Тоа е целосно необјасниво, посочи Чавушоглу.
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
