Турција ќе го снабди Египет со дронови
Турција одобри испорака на борбени беспилотни летала на Египет, а се очекува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган набрзо да го посети Каиро.
– Процесот на нормализација (на односите) е завршен во голема мера. Односите (помеѓу двете земји) се важни за безбедноста и трговијата во регионот, се договоривме да им обезбедиме беспилотни летала.
Мора да имаме сериозни односи со Египет поради безбедноста во Медитеранот, изјави шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.
Турските медиуми објавија дека Ердоган ќе го посети Каиро на 14 февруари и ќе се сретне со неговиот египетски колега Абдел Фатах ел Сиси, кого претходно го опиша како „пучист“.
Последната посета на Ердоган на Каиро беше во ноември 2012 година, кога тој беше премиер. По државниот удар во Египет во 2013 година Анкара и Каиро ги отповикаа амбасадорите.
Двете земји ги отповикаа меѓусебните амбасадори по државниот удар на Ел-Сиси во 2013 година.
Зближувањето помеѓу Ердоган и Ел Сиси се случи во ноември 2022 година во Катар, на маргините на Светското првенство во фудбал, а во јули 2023 година Анкара го врати амбасадорот во Каиро.
Ново на Сител
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
-

Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3% - Водовод должи 40 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
