-->
-->
Турција ќе обнови и изгради 80 џамии во Сирија
-->

Шефот на турската Дирекција за религиозни прашања Мехмет Гормез денеска изјави, дека Турција ќе реновира и изгради 80 џамии во голем број градови во Сирија, меѓу кои и Азаз, Џараблус и Идлиб.
Тој посочи дека над 400 верски дејци од Сирија се назначени да работат во Дирекцијата за религиозни прашања.
- Го правиме ова за да го поддржиме сирискиот народ, нагласи Гормез.
- За време на конфликтот во Сирија загинаа стотици илјади граѓани, милиони останаа без покрив над главата, многумина беа принудени да избегаат од земјата, наведе Гормез, потсетувајќи дека во Турција во моментов живеат околу три милиони сириски бегалци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
