Турција ќе преземе акција ако не се повлечат екстремистите од Манбиџ
Турција ќе преземе акција доколку екстремистите веднаш не се повлечат од сирискиот регион Манбиџ и областа источно од реката Еуфрат, соопшти Советот за национална безбедност по состанок одржан во Анкара.
Турција, која минатата недела го освои реонот на сирискиот град Африн по двомесечна офанзива против Силите за заштита на народот на сириските Курди, повеќепати се закани дека своите операции ќе ги прошири кон исток до Манбиџ каде се стационирани и американски трупи.
Ширењето на турската воена офанзива на многу поголема територија која е под контрола на Курдите на исток, што турскиот претседател Тајип Ердоган вети дека ќе го направи, би довело до ризик од конфронтација меѓу сојузниците од НАТО, кои се во спор околу американската политика во Сирија и други прашања, предупредуваат аналитичарите.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите