Балкан
11. August 2016 - 14:03

Турција може да побара други можности за соработка во одбраната надвор од НАТО

Турција може да побара други можности за соработка во сферата на одбраната надвор од НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турскиот амбасадор во Москва, Умит Јардим претходно денеска изјави дека НАТО нема право да и кажува на Анкара какви односи да има со други држави и додаде дека земјата ќе ги развива односите со Русија и покрај позициите на Западот.

- НАТО на ниту еден начин не може да ни ги диктира своите услови и да ни кажува со кого треба или не треба да се сретнуваме и да комуницираме, рече Јардим.