Турција: Не планираме воен напад врз Сирија

Турција не планира воен напад врз Сирија и „приказните на Русија“ за такви акции се пропаганда, изјави денеска висок официјален претставник на турската Влада.
- Турција нема планови, ниту размислува за воена кампања или копнен упад во Сирија, истакна владиниот претставник.
Тој нагласи дека Русија постојано ја зајакнува својата воена кампања во Сирија, наместо да работи на решавање.
- Турција е дел од коалицијата и соработува со сојузниците. Повеќе пати досега сме кажале дека Турција никогаш нема да дејствува еднострано, додаде турскиот претставник.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков вчера изјави дека Русија има сериозни причини да се сомнева дека Турција подготвува воена офанзива во Сирија.
- Имаме сериозни основи да се сомневаме дека Турција интензивно се подготвува за воена офанзива на територија на суверена држава - Сириска Арапска Република. Забележуваме се повеќе знаци на скриена подготовка на турските вооружени сили за активни дејствија на територијата на Сирија, посочи Конашенков.
Тој наведе дека руското Министерство за одбрана претходно доставило видео-снимки до меѓународната заедница, на кои се гледа дека турски оклопни возила пукаат врз сириски населени места во околината на пристанишниот град Латакија.
Ново на Сител
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
-

Како Австриската развојна агенција и помага на земјава со реформите за ЕУ
-

Карневалски денови за Прочка во Прилеп, денеска се одржа Детскиот карневал, утре е главното дефиле
-

Преглед на вестите од светот
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
